Top Sport

Неверојатна серија на Ињаки Вилијамс ќе заврши на 236 меча?

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс страда од повреда на лигаментите на скочниот зголб, што значи дека најверојатно ќе дојде крај на неговата неверојатна серија за последователни мечеви во шпанската Ла лига.

Ако не игра во неделниот меч против Еспањол, тоа ќе значи дека тој ќе го пропушти првиот меч на Билбао од 20 април 2016 година, и ќе стави крај на точно 236 настапи во низа. Тој го помина претходниот рекордер Хуанан Ларанга минатиот октомври, кој имаше 202 настапи во низа.

Scroll to Top