ВАР системот во Премиер лигата повторно ќе биде на удар на критичарите по неверојатните случки во првото полувреме на мечот помеѓу Тотенхем и Манчестер сити, кое заврши 0:0.
Овојпат во главна улога беше судијата Мајк Дин, кој прво не покажа пенал при стартот на Серж Орие над Серхио Агуеро, но три минути подоцна откако доби порака од ВАР собата покажа на белата точка.
Нормално, по ова следуваа протести на фудбалерите на Тотенхем, додека реакцијата на Жозе Мурињо беше најдобра -тој седеше на своето столче и се смееше.
Mourinho reaction to the last 5 minutes of the Tottenham VS Manchester City is so funny ???#VAR #TOTMCI pic.twitter.com/mV51TBIsOE
— Chinazzar (@Chi_nazzar) February 2, 2020
Сепак, правдата (за навивачите на Тотенхем) беше задоволена, кога ударот на Илкај Гундоган заврши во рацете на Иго Љорис. По одбраната, голманот беше во дуел со Рахим Стерлинг, кој падна, па следуваше нова проверка на ВАР системот, а на теренот продолжи вербалната расправија и туркањето на ривалите. Повторен пенал немаше…
Detik2 kisruh Tottenham Hotspur vs Manchester City. Sebab VAR. Tapi biasanya, ada seorang provokator yang sangat mencolok dari pemain yang dilatih Pep Guardiola. Di City, tampak dan sering menggunakan Sterling. Gaya Mourinho selalu memukau pic.twitter.com/u2TgM1QvrV
— ?Liverpool Juara EPL?2020 #YNWA (@jakfardotcom) February 2, 2020