Top Sport

Ирскиот ас на Барнли, Брејди доби сериозна повреда

Играчот на Барнли, Роби Брејди заврши во болница по „сериозна“ повреда по судирот со дефанзивецот на Лестер, Хери Мегвајр при 1:0 победата на Лестер, потврди менаџерот на премиерлигашот, Шон Дајч.

Лестер водеа со 1:0 преку голот на Демарај Греј, кога Брејди беше повреден при несреќен судир со Мегвајр, откако Ирецот Брејди се обидуваше да шутира и се удри со нозете со Мегвајр. Брејди веднаш беше однесен во болница, но Дајч вели дека првите вести не се оптимистички.

„Ова е лош момент за нас, бидејќи Роби играше фантастично во последно време. Ги чекаме официјалните вести, но повредата најверојатно е посериозна“, вели Дајч.

Scroll to Top