АЕК, во неделата во 21.коло во грчката Суперлига, забележа минимална победа (1:0) над Астерс и остана на два бода од лидерот ПОК во борбата за титулата, но она што го обележа мечот е невеојатното промашување на напаѓачот Араухо.
При резултат 0:0, во 13.минута, фудбалер на АЕК испрати центаршут пред голот на Астерс, еден дефанзивец на гостинската екипа несмасно интервенираше и ја испрати топката кон сопствениот гол, го совлада голманот, но тогаш водство на АЕК спречи токму Араухо.
Аргентинецот сакаше тој да биде запишан како стрелец на голот, реши да ја допре топката и таа наместо во мрежата заврши во гредата, а потоа и во рацете на гостинскиот голман.