Top Sport

„Новиот“ Дејвис куп започна со 12 квалификациски меча

Дејвис купот, најстарото тимско натпреварување во тенисот, започна со комплетно нов изглед со 12 квалификациски мечеви во организација на Интернационалната тениска федерација (ИТФ) во кое 24 репрезентации се борат за настап на „Светскиот куп на тенисот“.

Досега, Дејвис купот се оддржуваше периодично во текот на целата сезона, но од оваа година 18 нации ќе се борат на финалето на Дејвис купот во Мадрид од 18 до 24 ноември, откако ИТФ заедно со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике направија „потрес“ во светот на тенисот.

Шампионите од 2018, Хрватска, финалистите Франција и полуфиналистите Шпанија и САД веќе имаат гарантирано место во финалето, како и Аргентина и Велика Британија, кои добија вајлд-карти.

Дел од финалето, најверојатно нема да биде освојувачот на 20 гренд слем титули, откако Швајцарија без Роџер Федерер губи со 0:2 во Базел, откако Данил Медведев и Карен Хачанов беа убедливи.

Србија, без светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, води со 2:0 против Узбекистан во Ташкент, откако Душан Лајовиќ со 7:6/6:3 го победи Санџер Фајзиев, пред Филип Крајиновиќ со 6:2/6:4 да го изненади најдобриот узбекистански тенисер, Денис Истомин.

Фото: ЕПА

ДЕЈВИС КУП, КВАЛИФИКАЦИИ

Бразил – Белгија 1:0

Узбекистан – Србија 0:2

Австралија – Босна и Херцеговина 2:0

Индија – Италија 0:2

Германија – Унгарија 2:0

Швајцарија – Русија 0:2

Казахстан – Португалија 2:0

Чешка Република – Холандија 1:1

Колумбија – Шведска 0:0

Австрија – Чиле 1:1

Словачка – Канада 1:1

Кина – Јапонија 1:1

Scroll to Top