Top Sport

Невидено во фудбалот – Кореа како резерва го прослави голот што го постигна

Противниците на ВАР технологијата кои тврдат дека примената на овој систем ги убива емоциите во фудбалот веерва добија потврдат за таквото тврдење.

dobivaj vesti na viber

Анхел Кореа се радуваше на клупата за резерви на постигнатиот гол против Хетафе.

Кореа во 60.минута постигна гол, тој ја пречека одбиената топка по ударот на Лемар. Линискиот судија веднаш го крена знаменцето, а главниот судија Лахоз побара помош од ВАР технологијата.

Додека траеше прегледувањето на снимката Кореа го напушти теренот, на неговото место влезе Караско. Аргентинецот седна на клупата, ја облече јакната и тогаш дојде потврдата дека голот е регуларен.

Во тој момент соиграчите се стрчаа кон него на клупата и го прославија голот.

Scroll to Top