Top Sport

Невил бара Премиерлигата да забрани трансфери во Саудиска Арабија

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил побара Премиерлигата да ги забрани трансферите во Саудиска Арабија за го осигура „интегритетот“ на лигата.

Ова доаѓа откако саудискиот Јавен инвестициски фонд (ПИФ), кои се сопственици на Њукасл јунајтед, ги купија четирите најдобри клубови во Саудиска Арабија, вклучувајќи го Ал-Наср на Кристијано Роналдо, и кога во летниот преоден рок најважна тема остануваат богатите понуди за фудбалерите.

Калиду Кулибали, Едуар Менди и Хаким Зијеш од Челси се поврзуваат со трансфери во Саудиска Арабија, а дополнителна контроверза е што ПИФ има удел и во газдите на Челси, „Клирлејк капитал“.

„Премиерлигата треба да постави итно ембарго на трансферите во Саудиска Арабија за да го осигураат интегритетот на фудбалот. Мора да се направат проверки на овие трансакции. Кога ќе се провери од каде доаѓаат парите, тогаш може да има трансфери. Но, прво мора да се утврди сопственичката структура во Челси и во другите ангиски клубови“, изјави Невил за „Би-би-си“.

Scroll to Top