Top Sport

Бејл со совет за Меси: Ако загубиш со Реал ќе те распнат, во МЛС лигата поразите не се важни

Герет Бејл му порача на Лионел Меси пред неговиот трансфер во Интер Мајами дека во МЛС лигата поразите се прифаќаат полесно, бидејќи нема последици, поради тоа што нема испаѓање од лигата.

Бејл ја помина цела кариера во Европа, пред последната професионална сезона да игра со Лос Анџелес ФЦ, со кои лани го освои МЛС купот. Сега, Меси ќе биде најголемата ѕвезда во САД и Бејл смета дека веќе нема да го има притисокот кој го имаше во Шпанија и Франција.

„Во МЛС е многу посмирено. Ако загубите со Реал Мадрид, тоа е како крај на светот. Ќе те распнат. Се чувствуваш разочаран, одиш дома и си несреќен. Во Америка поразите се полесни. Нема последици. Таму нема испаѓање од лига. Ќе загубиш и одиш на следниот меч. А потоа, секоја победа ја слават како да освоиле титула. Мислам дека Меси ќе ужива“, вели Бејл.

Scroll to Top