Top Sport

Невил и Гигс хотелите им ги отстапиле на здравствените работници

Гери Невил, поранешниот фудбалер на Манчесѕер Јунајтед, рекол дека двата хотели во кои ги има во заедничка сопственост со поранешниот соиграч Рајан Гигс, бесплатно ќе им бидат ставени на располагање на здравствените работници кои се борат со пандемијата на коронавирусот.

„Нашите 176 кревети од петок ќе им бидат доделени на здравствените работници. Сите во нашата индустрија треба да покажат солидарност и да обезбедат сместување не само на нашите работници туку на сите оние кои имаат потреба во наредните неколку месеци. За да бидат изолирани од семејствата здравствените работници ќе можат бесплатно да останат во нашите хотели“, рекол Невил во видеото објавено на социјалните мрежи.

Тој дополнил дека здравјето на работниците, кои нема да мора да одат на принудни, неплатени годишни одмори, но и на сите гости им бил приоритет.

Англиската Премиер лига е суспендирана до 4 април, но веројатно суспензијата ќе биде продолжена.

Во Велика Британија до денес од вирусот се заразени 2.600 лица, починале 103.

Scroll to Top