Манчестер јунајтед минува низ веројатно најтешкиот период во богата историја. Великанот од „Олд Трафорд“, новата сезона ја започна со два порази, со гол разлика 1:6 се наоѓа на последното место во Премиер лигата.
Последната титула во Англија Манчестер јунајтед ја освои во 2013 година, во прошталната сезона на легендарниот Алекс Фергусон. Оттогаш, двапати заврши на второто, еднаш на третото, четвртото, петтото и седмото место, а три пати клубот бил пласиран на шестата позиција.
Лошата селекција на тимот во последната деценија е виновна за кризата која за продлабочува од година во година, смета поранешниот капитен Гери Невил.
„Направивме мало истражување и ги анализиравме сите трансфери на играчи во последните десет години. Тука не ги сметавме трансферите на третите голмани и младинските играчи, потрошени се 1.250.000.000 евра, а само двајца ги оправдаа очекувањата. Бруно Фернандеш малку забави, но поради бројките што ги имаше две години, мора да се каже дека се исплатеше. И Златан Ибрахимовиќ се исплатеше. Ерера, Шо, Матиќ, Мата… Тоа се дискутабилни играчи. Тие се во црвената зона, тие се некаде измеѓу, Кристијано Роналдо би бил во зелената зона, но поради сето она што се случува во последниот месец, поради неговата желба да го напушти клубот, ќе го ставиме некаде измеѓу“, изјави Невил за „Скај спорт“.
Тој објасни дека играчите биле оценувани врз основа на она што го покажале на теренот, нивниот специфичен учинок во играта, цената за која биле доведени, но и нивното однесување.
„Дури 75 проценти не ги оправдаа очекувањата, 20 се измеѓу, а само четири или пет проценти покажаа дека вредат. Тоа е хорор приказна кога станува збор за регрутирањето. Еден од најголемите проблеми што Јунајтед го има десет години е талкање со тренери и стратегија“.
Иако чувствува дека играчите ги заслужуваат критиките, Невил не мисли дека само тие се виновни.
„Јас, како и многу други, бев доста возбуден кога минатото лето беа донесени Варан, Санчо, Роналдо, пред нив Ди Марија… Сите мислевме дека ќе бидат големи засилувања и разговаравме за тоа. Но, овој клуб стана „гробишта за фудбалерите“. Фудбалерите повеќе не сакаат да доаѓаат на „Олд Трафорд“, свесни за ситуацијата во која се наоѓа Манчестер јунајтед. Клубот во моментов е како училиште под посебни мерки бидејќи не ги исполни очекувањата, а кога ќе ги исполни, а кога тоа е така не треба да бдат виновни децата“, објасни Невил, посучувајќи дека одговорноста ја имаат клупските челници.