Top Sport

Невил: Јунајтед мора да го отпуштат Вудвoрд поради лошите трансфери

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил вели дека клубот мора да го отпушти извршниот потпретседател Ед Вудворд бидејќи клубот е во „слободен пад“ иако потрошија огромна сума на фудбалери во последните неколку години.

Јунајтед немаат титула од Премиер лигата од 2013, кога се повлече Сер Алекс Фергусон и оттогаш имаат потрошено речиси милијарда фунти на фудбалери и долго време одбиваат да постават човек на позицијата фудбалски директор кој би ги идентификувал трансферите.

„Не можам да ги променам сопствениците на Јунајтед, тоа никој не го може. Не сфаќам зошто тие ја оддржуваат својата доверба во менаџерскиот тим кој требаше да гради шампионски тим. Статистиката вели дека Јунајтед го има вториот најскап тим на светот во однос на исплатените плати. Не ми се верува дека инвестицијата која се прави последните пет-шест години и завршуваш со ваков тим на теренот. На клубот подолго време му треба фудбалски директор и никој не го прави тоа. Некој мора да ја плати цената“, вели Невил.

Scroll to Top