Top Sport

Ван де Бек инсистира: Немам договор со Реал

Фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек ги демантира вестите дека веќе има договорено трансфер во Реал Мадрид, велејќи дека и холандскиот клуб е „доволно голем“.

Ван де Бек беше една од ѕвездите на младиот тим на Ајакс кој минатата сезона стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите и ја освои двојната круна, покрај Френки де Јонг, кој замина во Барселона и капитенот Матијс де Лихт, кој отиде во Јувентус. Ајакс не успеа да го повтори пласманот во нокаут фазата од ЛШ, додека имаат шест поени предност во Холандија пред АЗ.

22-годишниот Ван де Бек има 7 гола и 4 асистенции оваа сезона, а шпекулациите велеа дека Мадрид веќе го осигурале неговиот потпис за 55 милиони евра во текот на летото. Ван де Бек вели дека нема договор и дека има договор со 2022 година.

„Нема ништо официјално со Реал Мадрид. Нема договор и така е цела сезона. Не сакам да избирам сега. Двата клуба се големи, а Ајакс е мојот дом. Што и да се случи, ќе биде добро“, вели Ван де Бек.

Scroll to Top