Top Sport

Невил: Јунајтед никогаш нема да го продадат Рашфорд

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил го спореди Маркус Рашфорд со неговиот поранешен соиграч Дејвид Бекам, но инсистира дека „ѓаволите“ никогаш нема да го продадат англискиот репрезентативец.

Невил смета дека Рашфорд ја поедноставил својата игра откако бил под огромно внимание од англиските медиуми и смета дека клубот никогаш не смее да продаде таков талент, откако тој постигна три гола за Англија на СП во Катар.

„Имаше период во неговиот живот во текот на пандемијата на КОВИД кога оствари многу работи надвор од теренот. Тешко е да се биде под такво внимание. Играв со Бекам, кој исто така имаше фокус надвор од фудбалските терени, како кога почна да излегува со Викторија и знам каков притисок носи тоа. Маркус Рашфорд се врати на тоа што го прави најдобро, го поедностави животот, посмирен е и тоа се гледан а теренот. Имааше луѓе кои велеа дека Манчестер јунајтед треба да го продадат. Но, ниогаш не би можеле да го направат тоа, тој е толку голем талент“, вели Невил.

Scroll to Top