Top Sport

Топките на СП во Катар мораат да се „наполнат“ пред користење

„Ал Рихла“, официјалниата топка на „Адидас“ на Светското првенство во Катар, мора да биде „наполнета“ пред секој натпревар, како што покажува фотографијата која ги зачуди фановите со четири топки вклучени на полнач.

Топката чие име значи „патување“, во себе содржи сензор за движење од 500Hz, што значи дека се следи локацијата, ударот и движењето при секое вижење на токта со 500 фрејма во секунда. Сензорите се клучни во имплементацијата на таканаречениот „полуавтоматски офсајд“, кој досега донесе до поништување на повеќе голови. Сензорот исто така придонесе „спорниот“ гол на Португалија против Уругвај да биде „припишан“ на Бруно Фернандеш, а не на Кристијано Роналдо и покрај неговото инсистирање.

Батеријата на сензорот од 14 грама може да потрае 6 часа, така што е потребно постојано полнње наа тпките.

Англискиот дефанзивец Киеран Трипиер ја опиша топката како „малку поинаква“ бидејќи е полесна и нема потреба многу голема сила за да се постигне силен удар.

Scroll to Top