Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, вели дека сите во Манчестер јунајтед знаат дека мора да му го „раскинат“ договорот на Кристијано Роналдо по шокантното интервју кај Пирс Морган, но лично не беше навреден што неговиот поранешен соиграч рече дека не е пријател со него и дека сака да добие на популарност со то што го критикува.
Дел од навивачите на Манчестер јунајтед го критикуваа Роналдо поради тоа што внесува конфликт во тимот, но дел од нив се согласуваат со критиките кои тој ги упати до газдите, семејството Глејзери.
„Тој немаше да го напрви ова интервју ако сакаше да се врати во тимот. Знаеше дека ќе донесат наслови со кои неговата кариера во Манчестер јунајтед ќе биде завршена. Не знам што прават Манчестер јунајтед, бидејќи сигурно знаат деа мора да му го раскинат договорот на Кристијано, или да направат преседан, со кој секој играч ќе ги критиува во иднина. Се согласувам со некои од работите ои Кристијано ги кажа, и многу фанови на Јунајтед го мислат истото, но реалност е дека си вработен во бизнис и кога ќе кажеш такви работи добиваш отказ“, смета Невил.
Тој додава дека клубот е одговорен за нарушувањето на односите со Роналдо.
„Можеа да се сретнат пред неколку недели и да направи пат по кој можат да се движат во иднина, но не го направија тоа. Не постои други излез во моментов“, додава Невил.
Од друга страна, официјални лица на Манчестер сити за „ЕСПН“ ги демантираат тврдењата на Роналдо дека бил блиску до договор со нив, пред да интервенира Сер Алекс Фергусон и да го врати на „Олд Трафорд“. Според нив, коментарите на Роналдо не „го отсликуваат интересот на клубот во текот на тој преоден рок, кој и така не бил голем“. Тие инсистираат дека немало никаков пред-договор.
🗣️ "Exits don't have to happen this way"
Gary Neville explains why it's disappointing the Cristiano Ronaldo saga has taken a downward turn 🔽 pic.twitter.com/iTINKPtxNu
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 17, 2022