Top Sport

Невил: Како не му е срам на Бруно да бара да биде заменет

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил остро го нападна Бруно Фернандеш, велејќи дека е срамота човек што ја носи капитенската лента на клубот да бара да биде заменет при 7:0 поразот од Ливерпул.

При резултат 5:0, Фернандеш не можеше да ја сокрие лутината откако беше оставен на теренот додека Маркус Рашфорд беше повлечен од игра во последните пет минути и заменет со Ентони Еланга.

„Бруно Фернандеш стои на центарот со рацете кренати и бара: ‘Зошто јас не излегувам?’. Искрено, неговото однесување во второто полувреме е за срам. Цело второ полувреме е срам, но најмногу во ликот на капитенот Бруно Фернандеш. Ерик Тен Хаг мора да го среди тоа многу бргу“, изјави Невил.

Со него се согласи уште еден поранешен капитен на „ѓаволите“, Рој Кин.

„Талентирано момче, со капитенска лента, но неговиот говор на телото, мафтањето со рацете, без врќаќање назад. Јас не би бил среќен кога би го сретнал во соблекувалната по ваков меч“, изјави Кин.

Scroll to Top