Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, предупредува на бунт меѓу навивачите доколку по завршувањето на сезоната Оле Гунар Солскјер не остане на тренерската функција.
Норвежанецот, во декември, ја презеде функцијата од Жозе Мурињо, а екипата под негова команда доживува ренесанса. Има десет натпревари без пораз во Премиер лигата, победи два пати во Купот,каде Јунајтед ќе играат во четврт-финалето, а единствениот пораз го доживеа од ПСЖ во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Мислам дека во овој момент доколку некој друг ја добие таа позиција. Поинаква одлука ќе предизвика бунт меѓу навивачите“, рекол Невил кој му беше соиграч на Солскјер во периодот од 1996 до 2007 година.
„Навивачите веќе пеат песни за него. Во овој момент е блиску. Не гледам начин како клубот ќе може да го заобиколи по завршувањето на сезоната“, дополнил Невил.
Јунајтед во моментов се наоѓаат на петтата позиција во Премиер лигата со бод помалку од четвртопласираниот Арсенал.