Top Sport

Невил: Мурињо го чисти „ѓубрето“ што го остави Ван Гал

Жозе Мурињо има проблеми пред својата трета сезона со Манчестер јунајтед поради една причина – слабите фудбалери кои ги донесе Луис ван Гал пред него, вели поранешниот капитен на „ѓаволите“, Гери Невил.

Јунајтед не беа многу активни во летниот преоден рок, носејќи го бразилскиот играч од средниот ред Фред (52.5 милиони фунти), додека во минатото се трошеше многу повеќе. Самиот Мурињо донесе скапи засилувања, како Пол Погба и Ромелу Лукаку, но Невил вели дека вината е кај неговиот претходник.

„Клубот потроши 700 милиони фунти од пензионирањето на Сер Алекс Фергусон, што е вистинско богатство. Да ми кажевте пред шест години дека Јунајтед се шампиони и потоа трошат 700 милиони фунти за неколку години, ќе очекував да има многу титули. Жозе потроши многу пари, но Ван Гал донесе лоши засилувања. Кога дојде Жозе тој мораше да исфрли 10-тина играчи и потоа да донесат нови. Жозе е тука две години, а не 15, така што прво мора да се поправат грешките“, вели Невил.

Scroll to Top