Top Sport

Роналдо по само осум минути игра го постигна деби-голот за Јуве (видео+галерија)

Дојде и тој ден, Кристијано Роналдо го одигра првиот натпревар во дресот на Јувентус.

Ѕвездата на преодниот рок во Италија беше дел од тимот на Јувентус кој играше со „примавера“ тимот на Јувентус (младинскиот состав) на традиционалното отварање на сезоната за „старата дама“ во Вилар Пероса на 40-тина километри од Торино.

Со дуелот на А и Б составот на Јувентус на поседот на семејството Ањели (сопствениците на Јуве) во Вилар Пероса, се одбележува стартот на новата сезона за италијанскиот клуб.

На Роналдо му беа потребни само осум минути игра да го постигне првиот гол за новиот тим, а во 20. минута од неформалниот меч веќе беше и по вторпат стрелец.

Scroll to Top