Top Sport

Невил удри по Лукаку: Се направи 100 кила, добро е што си оди

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил вели дека клубот направил вистинска одлука со продажбата на Ромелу Лукаку на Интер, оценувајќи го однесувањето на Белгиецот како непрофесионално и замерувајќи му на вишокот килограми.

Лукаку тренираше со Андерлехт последните неколку денови, пред денеска да пристигне во Милано на медицински тестови со Интер за да се комплетира трансферот вреден 80 милиони евра. Лукаку имаше 96 натпревари и 42 гола за Јунајтед, а претходно играше и за Челси, Вест Бромвич албион и Евертон.

„Тој призна дека е здебелен! Има над 100 килограми, а е фудбалер на Манчестер јунајтед. Тој ќе постигнува голови за Интер и ќе се покаже таму, но таков непрофесионализам е заразен и добро е што си оди“, вели Невил.

Scroll to Top