Top Sport

Колапс на преговорите – Јуве не го продава Дибала

Обидите на Тотенхем да донесат големо засилување во Пауло Дибала од Јувентус пропаднаа, откако „старата дама“ реши дека нема да го продава Аргентинецот. Според „Би-би-си“, Тотенхем биле подготвени за договор, но Јуве решиле дека нема да го продадат ниту за 75 милиони евра.

Проблем во преговорите беше само платата на Дибала, кој очекуваше 300.000 фунти неделно, за 100.000 фунти повеќе од најдоброплатениот фудбалер на Спарси, Херик Кејн.

Дибала во средата играше за Јувентус во пријателскиот меч со третолигашот Новара, во меч во кој стрелаше, покрај Гонзало Игуаин, Марио Манџукиќ и Матијс де Лихт за убедлива 4:0 победа.

Тотенхем сега во последните часови ќе се обиде да донесе други засилувања – Џовани Ло Селсо од Реал Бетис и Рајан Сесењон од Фулам, откако исто така не успеаја да се договорат за трансфер на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.

Scroll to Top