Top Sport

Невил: Вегхорс не може копачките да му ги чисти на Роналдо, но повеќе придонесува за Јунајтед

Манчестер јунајтед, пред почетокот на СП во Катар се раздели со кристијано Роналдо. Португалецот за рекордна плата продолжи да игра фудбал во Саудиска Арабија, а на неговото место во Јунајтед дојде Ваут Вегхорст.

Холанѓанецот Вегхорст го нема потребниот квалитет за Манчестер јунајтед, едногласни се во своите оценки аналитичарите и медиумите во Англија.

„Овој експеримент мора да престане. Веднаш! Вегхорс не треба да биде во игра, тој е таму само затоа што го нема Роналдо“, изјави поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил и продолжи:

„Вегхорст и Роналдо имаат по 19 стартови. Со Вегхорст во тимот учинокот на Јунајтед е 12 победи, четири нерешени и три порази. Тој постигна само два гола, но тимот даде 37. Во ист број натпревари со Роналдо, клубот оствари три победи помалку. Тој постигна 11, но тимот даде само 23 гола. Тоа се огромни разлики“.

Тој е убеден дека Кристијано не играл под водство на Ерик тен Хаг поради статистиката.

„Јунајтед има напаѓач кој не треба да биде таму. Но, тој придонесува повеќе за тимот отколку Роналдо, кој верувам дека е најдобриот играч на светот. Мислам дека статистиката е причината зошто Роналдо беше изоставен. Вегхорст на Роналдо не може копачките да му ги чисти. Мислам дека ниту еден од нив не треба да игра за Јунајтед во моментов. Единственото нешто што е важно е кого ќе избере Тен Хаг. Не знам кого би избрал, Роналдо сега игра во Саудиска Арабија. Ако тимот играше на „Олд Трафорд“, јас би го избрал Роналдо, на гостински терен би ми играл Вегхорст“, заклучи Гери Невил.

Scroll to Top