Гери Невил признава дека го игнорирал советот од својот поранешен тренер Сер Алекс Фергусон за време на неговите четири катастрофални месеци како тренер на Валенсија.
Невил победи во само 10 од 28 меча на чело на шпанскиот клуб од пристигнувањето во декември 2015, и оттогаш не се врати на тренерската професија, бирајќи да биде ТВ-коментатор. Сега, тој признава дека добил совет од Ферги кој го игнорирал.
„На почетокот, беше јасно дека некои фудбалери се незадоволни. Требаше да направам некои одлуки за тие кои не беа посветени кон клубот. Се сеќавам дека зборував со Сер Алекс Фергусон и тој ми даде едноставен совет: ’Ослободи се од нив, сине, заштити се. Само тие кои се во иста насока како тебе треба да играат’. Но, него слушав. Се обидов да бидам дипломатски расположен и згрешив“, вели Невил.
Фергусон секогаш се ослободуваше од фудбалерите на „Олд Трафорд“ кои му се противеа – Пол Инс, Јап Стам, Рој Кин, Дејвид Бекам и Руд ван Нистелрој беа „избркани“ во текот на 27-те години на Ферги на „Олд Трафорд“.