Top Sport

Неволји во рајот, Бензема сака да го напушти Ал-Итихад

Карим Бензема, покрај Нејмар, најголемата ѕвезда која летово пристигна во Саудиска Арабија, се соочува со големи проблеми во новиот клуб, Ал-Итихад.

Локалните медиуми во Ријад пренесуваат дека тренерот на Ал-Итихад, Португалецот Нуно Еспирито Санто побарал од клупските челници да го продадат Бензема.

Според овие извори, тренерот им рекол дека искусниот напаѓач не се вклопува во неговите тактички замисли.

Французинот во јуни, по 14 сезони во Реал, потпиша за Ал-Итихад на две и пол години. Во овј ериод тој треба да заработи нестварни 600 милиони евра.

Бензема оваа сезона забележа два настапи за тимот, не постигна гол, но асистираше во победата од 3:0 над Ал-Раед.

Еспирито Санто не беше тој што го побара доаѓањето на Бензема, а медиумите пренесуваат дека тој веќе имал неколку конфликти со Французинот во соблекувалната.

Конфликтот меѓу тренерот и напаѓачот настанал кога Еспирито Санто одбил да го именува Бензема за капитен на екипата. Наводно напаѓачот бил толку незадоволен пто побарал од газдите да го сменат тренерот.

Бензема му се пожали на човекот кој го донесе во клубот дека Португалецот го малтретира и непрофесионално се однесува кон него.

Scroll to Top