Велс и Хрватска синоќа одиграа 1-1 во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. По мечот најмногу причини за незадоволство има тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Капитените на двет репрезентации Герет Бејл и Лука Модриќ мечот го завршија со повреди.
Модриќ во финишот на мечот заработи повреда, заврши дури и на носилки, додека Бејл поголем дел од натпреварот не одигра како може поради повредата.
Реал наредниот викенд ќе гостува кај Мајорка, а потоа игра во Лигата на шампионите против Галатасарај и против Барселона во Ла Лига.
Дали и колку ќе паузираат Бејл и Модриќ ќе биде познато откако ќе се вратат во Мадрид.