Top Sport

Невообичаена сцена во Бундеслигата – гледач на местото на четвртиот судија

Необична сцена го обележа натпреварот во Бундес лигата меѓу Волфсбург и Келн. Еден од гледачите беше ангажиран да биде четврти судија од 14. минута.

Фудбалерот на Келн, Макс Финкграфе, во 14.минута силно ја удри топката и таа во глава го погоди помошниот судија Торбен Зивер.

Помошникот не можеше да го продолжи натпреварот, па на негово место дојде четвртиот судија Николас Винтер.

Бидејќи натпреварот не можеше да продолжи без четвртиот судија, официјалниот спикер доби наредба од делегатите да испрати повик преку разгласот за евентуално да се најде квалификуван судија меѓу навивачите.

Улогата на четврти судија ја презеде Тобијас Крул, 32-годишник кој беше на трибините и е голман на локалниот клуб МТВ Гифхорн кој се натпреварува во шестиот ранг на германскиот фудбал.

Потоа, тој се пресоблече во црна униформа и застана крај аут-линијата.

Натпреварот меѓу Волфсбург и Келн заврши нерешено 1:1.

Scroll to Top