Top Sport

Незадоволниот Деле Али ќе замине од Тотенхем?

Деле Али е во центарот на вниманието на англиските медиуми. Фудбалерот на Тотенхем, пред завршувањето на натпреварот со Антверпен, замина во соблекувалната, откако тренерот Жозе Мурињо ги изврши предвидените замени. Мурињо смета дека не е можно сите играчи во тимот да бодат среќни. Коментарите во Англија се дека оваа одлука на тренерот само ќе ја забрза одлуката Дел Али да го напушти тимот.

„Не можат сите во тимот да бидат среќни. Верувам дека се задоволни поради тоа што редиме победи, но сигурно е дека има играчи што не се среќни бидејќи не играат“, рекол Мурињо.

„Јас им кажав на играчите порано да одат на туширање, бидејќи беше ладно. Некои ме послушаа, некои решија да останат до крајот. Невозможно е секој да биде среќен. Каде и да одите ќе најдете играчи кои не се задоволни бидејќи не играат. Тоа е реалноста, да не бегаме од неа. Секако дека играчот не е среќен и ја напушта клупата во моментот кога е извршена петтата измена. Јас и не очекувам да биде среќен“, заклучил тренерот на лидерот во Премиер лигата.

Деле Али, од почетокот на сезоната има одиграно само осум натпревари, во Премиер лигата последен пат настапи пред речиси два месеци, кога Тотенхем го декласира Манчестер јунајтед (6:1).

Во преодниот рок, Дел Али се поврзуваше со трансфер во ПСЖ. Најновите случувања повторно го актуелизираат неговиот трансфер во Париз.

Scroll to Top