Top Sport

Незадоволниот Роналдо го повикал менаџерот на итен состанок

Кристијано Роналдо, на итен состанок во Манчестер, го повикал својот менаџер, Жорж Мендеш. Според англиските медиуми, Роналдо бил загрижен дека неговото враќање на „Олд Трафорд“, ќе се претвори во катастрофа. Поради тоа го повикал Мендеш на консултации.

Роналдо, бил фрустриран од лошите изданија на „црвените ѓаволи“ оваа сезона. Медиумите шпекулираат дека е незадоволен од тактичките решенија кои ги спроведува менаџерот, Ралф Рангник. Португалецот се сомневал дека Германецот е вистинското решение за менаџерската функција.

„Сан“, тврди, дека не е исклучена опцијата, Роналдо по завршувањето на сезоната да го напушти Манчестер.

Роналдо, во летниот преоден рок се врати во Манчестр јунајтед. Досега во сезоната одиграл 21 натпревар, постигнал 14 голови. Јунајтед се седми во Премиер лигата, со 22 бода помалку од лидерот на табелата, Манчестер сити.

Scroll to Top