Top Sport

Незадоволните добиле дозвола од Рангник да го напуштат Манчестер јунајтед

Менаџеорт на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, нема да им стои на патот на фудбалерите кои сакаат да го напуштат „Олд Трафорд“. Германецот од прес конференцијата пред натпреварот со Брентфорд, им испрати порака на Ентони Марсија, Џеси Лингард, Дони ван де Бек и Дин Хендерсон.

„Разговарав со неколку играчи, кои сакаат повеќе да играат. Имам разбирање за нивните желби. И јас да сум фудбалер, или да сум татко или менаџер на фудбалер, не би бил задоволен што не играм доволно. Но секогаш ви се потребни две работи – играчот да сака да замине и да најде клуб што ќе му пружи шанса и што ќе му понуди подобар договор. На крајот потребно е клубовите да се договорат. Ќе повторам, ги разбирам фудбалерите, сите што сакаат да заминат го имаат мојот благослов. Секако доколку претходно се решат другите работи“, рекол Рангник.

Натпреварот што требаше да се одигра во 17.коло, Манчестер јунјтед и Брентфорд ќе го одиграат вечерва од 21 часот.

Scroll to Top