Манчестер сити може да загуби пет играчи од својот тим, кои сакаат да заминат во Барселона поради тоа што се во конфликт со менаџерот Пеп Гвардиола, тврди весникот „Манчестер ивнинг њуз“.
Првиот на листата е Бернардо Силва, кој подолго време е поврзуван со трансфер во Барселона, и самиот неколку пати изјавуваше дека му е сон да игра за каталонскиот клуб. Потоа, тука е германскиот ветеран Илкај Гундоган, чиј договор завршува на крајот на сезоната, а преостанатите тројца на „шопинг-листата“ на каталонскиот клуб се Ајмерик Лапорт, Кајл Вокер и Жоао Кансело.
Според нивните извори главната причина за заинтересираноста на Барселона е нивното незадоволство од „слабата“ сезона во Манчестер сити, но и конфликтите со Пеп Гвардиола, кој неодамна изјави дека ако неговиот тим не игра на вистинско ниво ќе си замине и покрај тоа што има долгогодишен договор.
🚨 Bernardo Silva, João Cancelo, Ilkay Gündoğan, Aymeric Laporte and Kyle Walker are all reportedly unhappy under Pep Guardiola at the moment.
(Source: @10JoseAlvarez)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 25, 2023