Top Sport

Капело: Скудетото на Наполи ќе биде како моето со Рома

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело им подели неколку совети на лидерите во Серија А, Наполи, споредувајќи го сегашниот тим на Лучано Спалети со титулата која тој ја освои со Рома.

„Партенопеи“ по 19 кола во шампионатот имаат историска предност од 12 поени пред второпласиранит Милан со што се многу блиску до првото скудето од ерата на Диего Марадона. Покрај тоа, тие се и во осминафиналето на ЛШ, каде што ќе се судрат со Ајнтрахт Франкфурт.

„Скудетото на Наполи ќе биде исто како моето скудето со Рома. Наполи мораат да останат фокусирани и да не се предадат. Тимот е таму на теренот и нема проблеми, фудбалерите добро ги познаваат сопствените квалитети, а исто така мора да се спомене и улогата на Спалети. Со него тие се опасни против било кој тим“, вели Капело.

Scroll to Top