Top Sport

ПСЖ на Реал без Мбапе и Нејмар

Тренерот на Пари Зен Жермен, Томас Тухел, нема да може да смета на услугите на Килијан Мбапе и Нејмар за дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Како што пренесуваат француските медиуми Мбапе не успеал да се рехабилитира од повредата, додека Нејмар е суспендиран.

Мбапе се повреди пред три недели против Тулуз, тој започнал да тренира, меѓутоа Тухел и нема да ризикува со него се додека целосно не задрави.

Нејмар нема да игра поради суспензијата што УЕФА му ја изрече по мечот со Манчестер Јунатед одигран во осмина-финалето минатата сезона. По реваншот во Париз и шокантиот пораз на ПСЖ (1-3), Нејмар на социјалните мрежи невкусно го коментирал судењето на Дамир Скомина.

Бразилецот покрај дуелот со Реал, поради суспензијата, ќе ги пропушти и натпреварите што Пари Сен Жермен ќе ги одигра со Галатасарј и Клуб Бриж.

Дербито во А-групата во Лигата на шампионите, ПСЖ-Реал Мадрид, ќе се одигра в среда од 21 часот во Париз.

Scroll to Top