Усман Дембеле нема да го продолжи договорот со Барселона. Вториот најскап играч во историјата на Барселона, не бил задоволен од понудата. Медиумите тврдат дека последниот состанок помеѓу челниците на Барселона и менаџерот на фудбалерот бил тензичен.
Менаџерот на Дембеле, за својот клиент побарал плата од 40.000.000 евра бруто и плус бонус 20.000.000 евра за продолжување на договорот.
„Луѓето од Барселона не рекоа дека клубот нема пари за да ги исполни нашите барања, а од друга страна тие работат на трансферот на Ерлинг Халанд“, ги пренесува зборовите на менаџерот, новинарот Санти Оваље.
Дембеле има понуди од ПСЖ, Челси, Манчестер јунајтед и Баерн. Можно е тој во зимскиот преоден рок да го напушти клубот. Доколку остане до крајот на сезоната, тогаш ќе си замине без обесштетување.
Барселона во 2017 година издвои 135.000.000 евра за трансферот на Дембеле.