Ница, францускиот клуб кој од неодамна е во сопственост на најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф, потврдија дека потпишале договор со бекот на Лацио, Риза Дурмиши со опција за купување.
Договорот беше потврден на веб-сајтот на Ница и со фотографија на 25-годишниот дански репрезентативец. Дурмиши пристигна во Лацио од Реал Бетис во 2018 година за 7.5 милиони фунти, но имаше само 19 настапи во сите натпреварувања минатата сезона, додека оваа година целосно е „замрзнат“ од Симоне Инзаги.
Дурмиши, кој има 23 настапи за данската репрезентација, беше во опасност да го загуби местото во репрезентацијата за Евро 2020 пред овој трансфер. Ница, пак, не се во најдобра форма и се на 14. место по 16 натпревари.
#Mercato Accord pour le prêt de Riza Durmisi ??
Le défenseur international danois va être prêté à l'OGC Nice à partir de janvier ?⚫️
Le communiqué ➡️ https://t.co/yI1wdvqWm0 pic.twitter.com/3yL1qJhID0
— OGC Nice (@ogcnice) December 6, 2019