Top Sport

Нигерија ја освои бронзата на Африканскиот куп (Видео)

Фудбалската репрезентација на Нигерија го освои третото место на Африканскиот куп. Нигеријците во мечот за бронзата го победија Тунис со 1:0 (1:0).

Дуелот за третото место го реши напаѓачот на Нигерија Игало кој го совлада голманот на Тунис во третата минута од натпреварот.

Нигерија осми пат во својата историја го освои третото место на Африканскиот куп. Интересно Нигеријците секогаш победувале кога играле за бронзата.

Големото финале на Африканскиот куп на програмата е в петок, а за титулата ќе се борат Сенегал и Алжир.

Scroll to Top