Top Sport

Нигеријците повторно во стил! (галерија)

Откако нивниот (навистина фантастичен) дрес руши рекорди според продажбата, нигериската фудбалска репрезентација повторно изненади, овојпат со своите костуми со кои пристигнаа во Русија.

Почитувајќи ја својата традиција, репрезентацијата патуваше до својата тренинг база во јужна Русија со традиционална облека, буба и сокото, украсени со фудбалски топки на јаките на нивните бело-зелени костуми.

Претходно, „Најк“ објави дека дресовите на Нигерија рекордно се продаваат, а во африканската нација онлајн дресовите достигнаа и цена од 300 долари.

Сепак, Нигерија ќе мора да го поправи впечатокот на фудбалските терени, бидејќи патуваат во Русија со два порази во низа, од Англија и од Чешка, и влегуваат на турнирот како 48-рангиран тим, трет најслаб на шампионатот (по Русија и Саудиска Арабија).  Нигерија има супер-тешка група – Аргентина, Исланд и Хрватска.

Scroll to Top