Top Sport

Де Хеа бара јавно извинување од шпанскиот премиер

Голманот на шпанската репрезентација и на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа сака новиот премиер на Шпанија, Педро Санчез јавно да се извини за коментарите кои ги направи за наводната вмешаност на Де Хеа во сексуален скандал пред две години.

Де Хеа не беше обвинет по скандалот во шпанските таблоиди за наводно силување, но тогаш Санчез, како лидер на опозицијата изјави дека не е „прикладно“ Де Хеа да биде дел од репрезентацијата на ЕП во 2016 година.

„Тогаш на прес-конференција кажав дека се работи за лаги, но никој не веруваше. На крајот, се покажа вистината“, вели Де Хеа во интервју за „Диарио Ас“.

При посетата на Санчез на тренинг-кампот на репрезентацијата минатата недела, Де Хеа не му аплаудираше на говорот на премиерот, иако потоа доби приватно извинување. Но, тој вели дека тоа не е доволно.

„Го прифатив извинувањето културно. Но, тоа што тој го кажа тогаш беше јавно и мислам дека и извинувањето треба да е јавно.  Исто така многу од јавноста ме осуди без подоцна да се извини. Во Шпанија е многу лесно да зборуваш за другите“, додава Де Хеа.

Фото: ЕПА

Де Хеа уште му е лут на новиот шпански премиер

Scroll to Top