Top Sport

Нигериски фудбалер починал за време на натпревар

Нигериецот Чинеме Мартинс (22), фудбалер на Насарава Јунајтед, починал во текот на натпреварот со Катсина Јунајтед. 22 годишникот колабирал во текот на натпреварот.

Аутопсијата ќе ја открие причината за смртта, а очевидци за Би-би-си изјавиле дека откако тој колабирал на теренот не бил веднаш превезен во болница поради проблемите со амбулантното возило.

Од Фудбалскиот сојуз на Нигерија соопштија дека натпреварите не би требало да започнат сѐ додека медицинскиот персонал со опремата не биде на своите места крај теренот.

Ова е втор пат навивачите во лафија да присуствуваа на ваква трагедија. Во 2018 година додека се загревал пред почетокот на натпреварот почина Доминик Дукудод.

Scroll to Top