Top Sport

Џан: Ги одбив Манчестер Јунајтед

Емре Џан во зимскиот преоден рок од Јувентус се пресели во Борусија Дортмунд. Веднаш се избори за место во тимот, веќе постигна еден гол, а минатиот викенд одигра брилијантен натпревар во Менхенгладбах, каде неговиот тим победи со 2:1.

Џан, во Јувентус не беше во плановите на Маурицио Сари, поради што реши да го напушти Торино. За неговите услуги беа заинтересирани неколку екипи од Европа, меѓу кои и три клуба од Премиер лигата.

„Имав понуди од три клуба од Премиер лигата, меѓу нив беше и Манчестер Јунајтед. Сепак ги одбив, поради моето минато во Ливерпул. Борусија секогаш сум ја сакал, сакав да дојдам тука. Борусија е совршена за мене исто како што сум јас совршен за Борусија“, рекол германскиот репрезентативец.

Емре Џан го носеше дресот на Ливерпул во периодот од 2014 до 2018 година, претходно играше за Баер Леверкузен и Баерн Минхен каде ја започнал професионалната кариера.

Тој во 2018 година како слободен играч од Ливерпул се пресели во Јувентус, а во јануари Дортмунд за неговите услуги платија 25 милиони евра.

Scroll to Top