Нико Гаитан го напушта Атлетико Мадрид и се сели во Кина. 29-годишниот фудбалер во текот на денот треба да отпатува на далечниот исток и доколку ги мине лекарските прегледи ќе потпише договор со Далијан Јифинг. Инаку со трансфер во оваа кинеска екипа се поврзуваат и соиграчите на Гаитан, Јаник Фереира Караско и Фернандо Торес.
Нико Гаитан во јуни 2016 година за сума од 25 милиони евра од Бенфика му се приклучи на Атлетико, но за време на престојот во Мадрид не успеа да се вклопи во системот на сонародникот Диего Симеоне.
Со доаѓањето на Витоло и Диего Коста Гаитан целосно го загу местото во ротацијата.
Атлетикот од трансферот на Гаитан ќе заработи 18 милиони евра. Далиан неодамна се засили и со искусниот португалски дефанзивец Жеосе Фонт.