Нико Гонзалес би можел да биде уште еден играч на Фиорентина кој ќе заврши во Јувентус.
Според медиумите од Апенините, клубовите се договориле Јувентус да плати 30.000.000 евра за Аргентинецот. Гнзалес договорил плата од 3.500.000 по сезона.
За да биде реализиран трансферот, Фиорентина треба да се договори со Џенова за Алберт Гудмундсон.
Во Италија веќе се шпекулира дека од Торино во Фиренца би можеле да заминат Вестон Мекени, Артур или српскиот репрезентативец Филип Костиќ, но нивното заминување нема никкава врска со трансферот на Гонзалес во редовите на „Старата дама“.