Хрватскиот стратег на кормилото на Баерн Минхен, Нико Ковач по вчерашната бравурозна партија на Баварците и победата од 5-0 против Борусија Дортмунд рече дека некои работи навистина го нервираат.
„Кога ќе победиш, не си направил ништо правилно, а кога ќе изгубиш, тогаш се си погрешил. Таква е приказната со нас тренерите. Не сум моралист, ама некои работи ме нервираат“ – рече Ковач.
Дека убедливата победа против директниот конкурент за титулата во Бундес лигата не е случајна говори и мотивираноста на играчите на баварскиот клуб.
„Мотивацијата за овој натпревар навистина беше голема. Го забележав тоа во соблекуваната пред натпреварот. Сега имаме бод повеќе, битката продолжува“ порача двојниот стрелец на вчерашниот меч, Роберт Левандовски.
Неговиот клупски колега, Томас Милер истакна дека првото полувреме беше неверојатно.
„Ова беше едно од ретките вакви искуства на „Алијанц арена“. Чист адреналин“ – вели Милер.
Niko Kovač: "We played a great game, a great game over 90 minutes. That was impressive. I'm proud of the team". #FCBBVB pic.twitter.com/ZeriS5iGmU
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) April 6, 2019