Top Sport

Азаренка ќе игра финале против Мугуруза во Монтереј (видео)

Белоруската тенисерка, Викторија Азаренка се пласираше во финалето на турнирот во Монтереј, Мексико. Таа во полуфиналето беше подобра во три сета од Анџелика Кербер со 2-1, по сетови 6-4, 4-6 и 6-1.

Азаренка која има апсулутна доминација во дуелите со Кербер ќе игра во финалето првпат по 2016 година.

Противник на Белорусинката во битката за трофејот ќе и биде Габриње Мугуруза, која за пласман во финалето ја совлада Рибарикова со 2-0 во сетови.

Scroll to Top