Top Sport

Нико Ковач со Монако ги засени достигнувањата на Дешам, Раниери, Венгер

Хрватскиот фудбалски тренер, Нико Ковач оствари голем успех со екипата на Монако. По победата на клубот од Кнежевството кај Ница, во 16-финалето од францускиот Куп (2-0) Нико Ковач ја забележа 19-тата победа во 30-тиот меч на клупата на Монако сезонава. Со тоа оствари 63% победи откако е на кормилото на клубот кој претходните сезони се бореше за опстанок.

Во историјата на клубот, Монако осумпати бил шампион на Франција и петпати го освојувал Купот, а на клупата на екипата биле имиња од калибарот на Арсен Венгер, Жан Тигана, Дидие Дешам, Клаудио Раниери и Леонардо Жардим. Само еден тренер остварил подобар резултат од Ковач во првите 30 меча на кормилото.

Тоа е Анџело Гризети и тоа во далечната 1952/53 година. Тој тогаш имал 67.5% успешност.

Ковач има одлична сезона со Монако, пред две недели кај Стразбур во Лига 1 екипата го доживеа првиот пораз (1-0) по 12 меча без пораз, од кои 10 беа победи.

Во моментов во првенството Монако е на четвртата позиција со -7 бода од лидерот Лил.

Scroll to Top