Top Sport

Никогаш не играл фудбал, а потпиша за чешки клуб чии спонзор е неговиот татко

Иако преодниот рок заврши во сите најголеми светски лиги, сепак на клубовите им е дозволено да носат играчи кои не се под договор. Чешкиот третолигаш ФК Виагем Усти над Лабем пред два дена го направи најчудниот трансфер во светот.

Клубот потпиша договор со 22. годишниот Мартин Подхајско, човек кој никогаш во животот не играл фудбал.

Тој е студент по право и работи во „Вијагем“, компанија за недвижнини која стана сопственик на клубот. Клубот го потпишал како играч бидејќи неговиот татко го спонзорирал „Вијагем“ со 20 илјади евра.

Имаше само еден услов, на неговиот син да му биде дозволено да игра барем десет минути во сезоната, а клубот се согласи на тоа. Навивачите на клубот го поддржаа овој потег, а тој викендов ќе биде во составот, но на клупата.

Клубот моментално се наоѓа на шестото место на табелата со десет бодови од првите шест кола.

Scroll to Top