Top Sport

Барнли не го пријави Чурлинов за настап во Премиерлигата

Англискиот премиерлигаш Барнли не го пријави македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за настап во Премиерлигата оваа сезона.

Менаџерот Винсен Компани го достави списокот на 25 играчи за настап во Премиерлигата, а на него го нема Македонецот кој до крајот на есенскиот дел нема да може да игра мечеви во шампионатот.

Чурлинов сѐ уште се опоравува од сепсата која ја доби на крајот на мај, поради која беше хоспитализиран во клиника во Белград.

Scroll to Top