Најдобриот светски фудбалер, во изборот на ФИФА, Лука Модриќ, истакнал дека никогаш не сакал да го напушти Реал, односно дека сака кариерата да ја заврши на „Сантијаго Бернабеу“.
Модриќ денес, заедно со ооиграчите, Серхио Рамос, Тибо Куртоа, Марсело Рафаел Варан и Тони Крос, кои беа избрани во тимот на годината, го одработе последниот тренинг пред утрешното гостување во Севилја.
?? Our The Best Awards prize-winners shared their trophies with the @RealMadrid squad at #RMCity! #HalaMadrid pic.twitter.com/sBwuO44syw
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) September 25, 2018
„Никогаш не сум сакал да го напуштам Реал. Би сакал тука да ја завршам кариерата, но никогаш не се знае што носи иднината“, им изјавил на шпанските медиуми капитенот на Хрватска.
Модриќ, долго време во летниот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Интер, но клубот од Милан не испрати официјална понуда до реал.
„Можам само да им ветам на навивачите дека ќе продолжам да го давам максимумот. Благодарен сум за нивната секојдневна поддршка. Не знам дали сум најдобариот во светот, но ми се допаѓа она што го слушам кога се говори за мене. Кога за најдобар ќе те изберат колегите тогаш мора да се чувствуваш добро“, рекол Модриќ.