Top Sport

Тинејџерот вечерва ќе дебитира за Манчестер сити

Младиот голман Аријанет Муриќ вечерва би требало да има својот прв настап за Манчестер сити, тврдат британските медиуми.

19-годишникот ќе го брани голот на актуелниот англиски шампион на натпреварот во карабао купот против Оксфорд.

Муриќ е член на Манчестер сити од 2016 година. Бранел за младинските тимови на „граѓаните“, а минатата сезона како позајмен фудбалер ја минал во Холандија, во дресот Бреда.

Шанса во првиот тим на Сити, Муриќ, доби по повредата резервниот голман Клаудио Браво, кој ќе ја пропушти речиси целата сезона.

Минатиот месец тој бее тема во регионалните медиуми откако објави дека решил во сениорска конкуренција да настапува за Косово, иако има забележано два настапи за селекцијата на Црна Гора до 21 година.

Scroll to Top