Top Sport

Никој не можеше да ги спречи да ја слават титулата

Никој доцна синоќа не можеше да ги спречи навивачите на Ливерпул да ја прослават првата титула по пауза од 30 години. Ливерпул во дербито на претпоследното коло го победи Челси со 5:3.

Иако полицијата ги предупредуваше навивачите да не се собираат, за да не дојде до нова „експлозија“ на заразени со коронавирусот, тие се собраа пред „Енфилд“. Пред стадионот имаше луѓе од сите возрасти, дури и родители со деца. Навивачите приредија огномет и палеа факели за да ја прослават титулата.

 

Scroll to Top