Тинејџерот на Арсенал, Букајо Сака постигна еден навистина неверојатен гол при 3:1 победата на „топчиите“ над Челси, праќајќи една чудна лоб-топка која целосно го излажа противничкиот голман Едуар Менди.
Иако на прв (а и на втор) поглед изгледа дека тоа беше помалку случаен гол, 19-годишниот Сака по мечот тврдеше дека мислел така да ја шутне топката бидејќи забележал дека Менди е излезен напред.
По крајот на мечот, неговиот соиграч од англиската репрезентација, Теми Абрахам му врати: „Не мислеше да дадеш гол, замолчи човеку“.
Уште еден нивни соиграч од репрезентацијата, капитенот на Астон вила, Џек Грилиш на Твитер му напиша: „Смешен си, човеку! Лажго“.
bukayo saka this was beautiful pic.twitter.com/qmePOvkMBF
— shelum (@phiaponve) December 26, 2020
Bukayo Saka on if he meant the shot: “Of course man.”
??? pic.twitter.com/JUpZW1xFKV https://t.co/J5YxLCNPz3
— TikiTakaConnor (@TikiTakaConnor) December 26, 2020
Tammy Abraham : “You didn’t mean it, shut up man” ? #afc pic.twitter.com/RGLL1wzYC7
— JQS?? (@JQS_AFC) December 26, 2020